Беласица во Тетово против Ренова

Екипата на Беласица во недела ќе гостува во Тетово кај Ренова, во натпревар од 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Беласица во недела ќе има тежок натпревар против Ренова. Во досегашните 23. одиграни кола од ПМФЛ, Ренова е пласирана на шестото место на табелата со 30 бодови, додека Беласица е претпослена со 19 освоени бодови, и е во опасната зона за испаѓање.

АРХИВА

АРХИВА

Фудбалерите на Ренова имаат запишано вкупно седум победи, девет ремиа и седум порази, додека Беласица има четири победи, седум ремиа и 12 порази.

Во претходното коло, Ренова на гостински терен ја победи прилепска Победа со резултат од 2:3, додека Беласица на гостувањето кај Македонија ЃП забележа нов пораз од 2:1.

Лидер на табелата е Шкендија со 50 бодови, втора е Академија Пандев со 50 бодови, исто толку бодови има и Вардар кој е трет, на дното од табелата е Победа од Прилеп со 18 бодови.

Comments are closed.