Се чистеа дивите депонии во струмичко

Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и за време на овој викенд ја продолжија акцијата за чистење на дивите депонии. Акцијата се одвиваше на дивите депонии во населените места Банско и Муртино од каде беа подигната 520 метри кубни разновиден отпад при што покрај вработените и механизацијата на „Комуналец“ беше вклучена и механизацијата на дел од приватните градежни фирми.
Во минатонеделната акција беа подигнати 1.370 метри кубни отпад од дивите депонии во атарите на населените места Водоча, Добрејци и Просениково.
Паралелно со чистењето на депониите, се работи и на раззеленување на улиците во градот. Вчера на булеварот „Климент Охридски“ на потегот од кружниот тек на кој завршува булеварот „Ленинова“ до кружниот тек кај булеварот „Гоце Делчев“ се засадија висококвалитетни листопадни садници од сортата јавор.54525136_2062844683768951_5971815351191601152_n 55218802_2062844760435610_5522681799186055168_n 55509758_2062844687102284_5261376182170943488_n 55760011_2062844757102277_4755328150215327744_n

Comments are closed.