За одбележувањето на Светскиот ден на водата учениците од основните училишта цртаа на тема „Нацртај ја водата“

Во рамките на културно-уметничкиот проект „Уметност и вода – магија на животот“  кој го спроведува Здружението за третман на вода со поддршка на Европската Унија, а во партнерство со општина Струмица, денеска, започнаа промотивните активности за одбележување на Светскиот ден на водата (22 март 2019 година) преку ликовната колонија со наслов „Нацртај ја водата“ во основните училишта во Струмица. Цртежите на учениците ќе бидат изложени на промотивниот настан на проектот кој е најавен за 20 мај на пречистителната станица во Струмица.DSC_6185_1600x1067

 Локацијата на проектот е пречистителната станица за отпадни води во Струмица, каде преку уметнички подвиг и создавање мурали од страна на 5 македонски уметници, се работи на прашањето околу поддигнување на јавната свест за значењето на заштитата на водата како природен ресурс. Со примената на уметнички тактики, како што и самиот наслов имплицира, проектот инволвира ангажирање на уметници кои ќе ги украсат бетонските површини на пречистителната станица.DSC_6202_1600x1067

 Преку овој проект се дава акцент на неопходната потреба од решавање на проблемот со отпадните води во нашата држава – со што значајно се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина и се намалува надземното и подземното загадување. Секако, тоа се постигнува со планирање и примена на современи системи за третман на отпадните води кои се реализираат во согласност со стандардите и регулативите на Европската Унија. Со тоа се унапредува квалитетот на местата во коишто живееме и се запазува еколошкиот аспект на модерното живеење. Проектот е дел од кампањата „ЕУ за тебе“ со тематски пристап и почнува со нагласувањето на важноста од одржување на чиста животна средина, како една од клучните политики на Европската Унија и приоритетни сектори и области во кои таа инвестира.DSC_6186_1600x1067 DSC_6187_1600x1067 DSC_6188_1600x1067 DSC_6189_1600x1067 DSC_6190_1600x1067 DSC_6191_1600x1067 DSC_6192_1600x1067 DSC_6193_1600x1067 DSC_6194_1600x1067 DSC_6196_1600x1067 DSC_6198_1600x1067 DSC_6200_1600x1067 DSC_6202_1600x1067 DSC_6203_1600x1067 DSC_6204_1600x1067 DSC_6205_1600x1067 DSC_6206_1600x1067 DSC_6207_1600x1067 DSC_6208_1600x1067 DSC_6209_1600x1067 DSC_6210_1600x1067 DSC_6211_1600x1067 DSC_6212_1600x1067 DSC_6213_1600x1067 DSC_6214_1600x1067 DSC_6215_1600x1067 DSC_6216_1600x1067 DSC_6217_1600x1067 DSC_6218_1600x1067 DSC_6220_1600x1067 DSC_6222_1600x1067 DSC_6224_1600x1067 DSC_6225_1600x1067 DSC_6226_1600x1067 DSC_6227_1600x1067 DSC_6228_1600x1067 DSC_6229_1600x1067 DSC_6230_1600x1067

Comments are closed.