ПМФЛ: Академија Пандев со победа, Беласица со пораз во 23. коло

Академија Пандев во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига запиша нова победа над екипата на Силекс од Кратово, и останува на второто место на табелата со 42 бодови.

АРХИВА

АРХИВА

„Пандевци“ во досегашниот тек од сезоната имаат запишано вкупно 13 победи, три ремиа и седум порази. Во следното коло ќе гостуваат кај екипата на Победа од Прилеп, која е последнопласирана на табелата со 18 бодови. Во овој натпревар Академија Пандев влегува како фаворит за нова победа и нови три бода.

Беласица и во оваа гола не успеа да запише победа. На гостувањето кај Македонија ЃП загуби со 2:1, со што останува на деветтото место на табелата со 19 бода, додека Македонија ЃП се искачи повторно на седмата места позиција со 26 бодови, бидејќи Силекс загуби во Струмица од Академија Пандев.

Во следното коло Беласица ќе има тешко гостување кај екипата на Ренова.

Лидер на табелата е Шкендија со 50 бодови, додека на дното од табелата е прилепска Победа со 18 бодови.

Comments are closed.