Гол и асистенција на Горан Пандев за победа на Џенова над Јувентус

Во натпреварот од 28. кол од италијанската Серија А, фудбалерите на Џенова забележаа голема победа над екипата на Јувентус, со резултат од 2:0 на домашен терен.

Нашиот фудбалер Горан Пандев одигра одличен натпревар, иако натпреварот го започна во 60. минута, тој најпрво асистираше на Стефано Стураро во 72. минута за 1:0, а потоа во 81. минута со свој прекрасен гол погоди за конечните 2:0.

Во продолжение погледнете ја асистенцијата и голот на Пандев.

Comments are closed.