РК Астраион на првото место на табелата во Првата лига – Плеј Аут

Ракометарите на Астраион и во второто коло од Првата лига – Плеј Аут запишаа победа, против екипата на РК Аеродром од Скопје, со резултат од 29:25, во салата „Парк“ во Струмица.

АРХИВА

АРХИВА

Со новите три бода РК Астраион е на првото место со вкупно 6 освоени бодови, но исто толку бодови има и Младост Богданци кој се втори на табелата. По првите две одиграни кола, Астраион и Младост Богданци се единствените две екипи кои имаат две победе на исто толку натпревари.

Засега без бодови се екипите на Куманово, Аеродром и Риниа М.

Во следното коло Астраион гостува во Штип кај екипата на Текстилец, Партизан ќе игра против Младост Богданци, Весна Акумулатори силите ќе ги одмери со Риниа М и последната двојка е РК Аеродром со Куманово.

Comments are closed.