ПМФЛ: Академија Пандев втора, Беласица деветта на табелата

Изминатиот викенд се одигра 22. коло од Првата македонска фудбалска лига, каде беа одиграни сите пет натпревари.

Академија Пандев гостуваше кај екипата на Работнички во Скопје, каде „Пандевци“ одиграа одличен натпревар и запишаа победа со резултат од 1:2 и нови три бода во борба за излез кон Европа. Фудбалерите на Академија Пандев со оваа победа повторно се искачуваат на второто место на табелата со 39 бодови, исто колку што има и Вардар кој сега е трети, откако ремизираше во Струмица играјќи 0:0 против Беласица.

АРХИВА

АРХИВА

Беласица во 22. коло од ПМФЛ одигра нерешено (0:0) на „Младост“ во Струмица, против екипата на Вардар. Бодовите беа поделени, па така, Беласица сега е деветта на табелата со 19 бодови, додека Вардар е трети со 39 бодови, исто колку што имаа и „Пандевци“ кој се втори на табелата.

Ренова на домашен терен одигра 0:0 со екипата на Македонија ЃП, со што домаќините од овој натпревар се шесттопласирани со 27 бодови, додека Македонија ЃП се сели на осмото место со 23 бодови.

Шкупи запиша победа против лидерот на табелата и актуелен шампион Шкендија, со минимални 1:0. Со овие три бода, Шкупи се искачи на четвртото место на табелата, пред Работнички, и на контото има вкупно 33 бодови.

Силекс во Кратово славеше со минимални 1:0 над прилепска Победа, со што сега има 24 бодови, и е на седмото место на табелата, додека Победа останува на последното место со 18 бодови.

Во следното коло Академија Пандев во Струмица го пречекува Силекс, Шкендија на домашен терен ќе игра против Работнички. Победа ќе се обиде да дојде до победа на домашен терен против Ренова, додека Вардар ќе биде домаќин на Шкупи, Беласица ќе игра важен натпревар против Македонија ЃП на гостински терен, во борба за нови три бода, и опстанок во лигата.

Comments are closed.