РК Астраион со победа над РК Аеродром

Ракометарите на Астраион во „Парк“ во Струмица ја победија екипата на РК Аеродром од Скопје, со резултат од 29:25 во натпревар од 2. коло од Првата лига – Плеј аут.

ФОТО: РК Астраион

ФОТО: РК Астраион

Струмичките ракометари ја запишуваат втората победа во низа, откако и во претходно коло со сигурен резултат од 30:24 славеа над Куманово.

Во следното коло РК Астраион ќе гостува во Штип кај екипата на Текстилец.

Comments are closed.