Беласица со реми против фаворитот Вардар

Беласица му зема бод на фаворитот Вардар, откако на „Младост“ во Струмица, одиграа нерешено 0:0, во натпревар од 22. коло од Првата македонска фудбалска лига.

ФОТО: ФК Вардар

ФОТО: ФК Вардар

Екипата на Беласица со оваа реми останува на деветтата позиција со вкупно 19 освоени бодови, додека Вардар сега е трети со 39 бодови, исто колку што имаат и „Пандевци“ кој се второпласирани на табелата.

Беласица во следното коло ќе има повторно тежок натпревар, ќе гостува кај екипата на Македонија ЃП, која денес ремизираше со Ренова и се пресели на осмата позиција со 23 бодови. Овој натпревар ќе биде важен и за двете екипи во борбата за опстанок во Првата лига.

Лидер на табелата е Шкендија со 47 бодови, на дното од табелата е прилепска Победа со 18 бодови.

Comments are closed.