Од 17 март започнува пролетниот дел од Третата лига – Југоисток

Од 17 март ќе започне пролетниот дел од Третата фудбалска лига – Југоисток, со натпреварите од 11. коло.

ФОТО: ФК Дојранско Езеро

ФОТО: ФК Дојранско Езеро

Во рамките на 11. коло се закажани три натпревари, односно Василево силите ќе ги одмери со Хоризонт од Турново, Тиверија ќе игра против Младост од Удово, додека последнопласираниот Спартмани ќе игра со лидерот на табелата Дојранско Езеро од Дојран.

Во есенскиот дел, како лидер на табелата заврши Дојранско Езеро, со вкупно 9 победи и едно реми, со што освоија вкупно 28 од можни 30 бодови. На второто место беше екипата на Тиверија од Струмица, која запиша шест победи, три ремиа и еден пораз, и собра 21 бод.

Хоризонт Турново е третопласирана екипа која има 12 бодови, исто колку и екипата на Младост од Удово која е четврта.

Василево есенскиот дел од сезоната го заврши на петтото место на табелата со 10 бода, додека Спартмани заврши на последното шесто место на табелата со само три освоени бодови.

Comments are closed.