Академија Пандев во недела гостува кај Работнички

Екипата на Академија Пандев во недела гостува кај Работнички, во натпревар од 22. коло од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Академија Пандев е третопласирана екипа на табелата со 36 освоени бодови, додека Работнички е четврти на табелата со пет бода помалку во однос на „Пандевци“.

Во претходното коло Работнички на гостински терен забележа минимална победа со 0:1 над Победа од Прилеп, додека „Пандевци“ беа победи дома со 0:2 од Шкупи.

Натпреварот се игра во недела со почеток од 14:00 часот на Националната Арена во Скопје.

 

Comments are closed.