Беласица на „Младост“ против Вардар

Фудбалерите на Беласица во недела со почеток од 14:00 часот ќе го одиграат натпреварот од 22. коло од Првата македонска фудбалска лига против второпласираниот Вардар.

АРХИВА

АРХИВА

Овој натпревар за Беласица ќе биде тежок, иако играат на домашен терен. По 21. одиграно коло, Беласица е последна на табелата со 18 освоени бодови, исто колку што има и прилепска Победа која е деветта. Вардар е второпласирана екипа на табелата со вкупно 38 освоени бодови.

Во претходното коло Беласица беше декласирана на гостувањето кај Шкендија, додека пак Вардар дома беше убедлив против Македонија ЃП со 3:1.

Лидер на табелата по 21. коло е Шкендија со 47 бодови.

Comments are closed.