ЖФК Тиверија утре против ЖФК Прилеп

Екипата на ЖФК Тиверија утре со натпреварот од 14. коло против ЖФК Прилеп, ќе го започне пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига.

ЖФК Тиверија по тринаесет одиграни кола се наоаѓа на третото место на табелата со 28 освоени бодови, додека ЖФК Прилеп е шестопласирана екипа на табелата со 23 бодови.

АРХИВА

АРХИВА

Лидер на табелата е Драгон од Скопје со 39 бодови, додека ЖФК Истатов е втора екипа на табелата со 36 бодови.

На дното од табелата е ЖФК Плачковица од Радовиш, екипа која се уште нема освоено бод.

Натпреварот ќе се игра на Општинско игралиште „Филип Лазаревски“ во Струмица, со почеток од 14:30 часот.

 

Comments are closed.