Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска на одбележувањето на 73-годишнината од работењето ги додели годишните награди за најдобри новинарски стории за 2018 година.
Годинава, првпат беа доделени две награди за новинарски стории од локален и регионален карактер со цел да се поттикне истражувачкото новинарство во локалните медиуми.
Наградени се Сузана Мицева за прилозите за раководителот на хидросистемот Ѓавато во Богданци кој боледуваше во канцеларија, објавени на телевизија „Телма“ и Светлана Дарудова, дописник на МИА за нејзината сторија за недоволната грижа за децата со пречки во развојот во Неготино.
Наградата за најдобра истражувачката сторија ја добија новинарот Сунај Сабриоски од ТВ 24 за неговиот серијал на прилози за продажбата на атрактивното земјиште спроти Градскиот трговски центар и на новинарката Ирена Мулачка од „Фокус“ за серијалот за приватната установа за заштита на возрасни лица во Радишани.
Повеќе на: Вис.мк