Струмичката полиција пронашла неколку пакувања на марихуана во домот на 19-годишно момче

На 06.03.2019 во периодот од 15.45 до 16.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на лицето Д.Д.Х.(19) од Струмица. При претресот биле пронајдени  и одземени неколку пакувања марихуана. По целосно документирање на случајот, против Д.Д.Х.  ќе биде поднесена соодветна пријава. – пишува во соопштението од СВР Струмица.полиција

Comments are closed.