Совршено чисто лице со оваа едноставна метода

Кожата на лицето е невозможно совршено да го исчистите со препаратите за чистење и нега, но затоа тука е парење на лицето, престара метода за нега која ние скоро целосно сме ја заборавиле.nega-na-lice-660x300

Руска водителка на MTV- Анита Бхоумик нѐ потсети на методот со парење на лицето, заради кој има совршено чисто лице.

„За да ги отворите порите, ставете ја главата под пешкир и над врела вода на неколку минути. Но бидете внимателни, не смеете да се изложите премногу за да не си го изгорите лицето. После тоа исчистете го лицето. Резултатот е многу поголем затоа што порите ви се отворени“, објаснила водителката.

Парење на лицето, и покрај технологијата и препаратите, дефинитивно се задржал како многу важен метод на нега, а го користеле и старите Римјани.

Придобивките се многубројни- ги отвара порите, помага против појава на акни и проблематичен тен и ја подобрува циркулацијата.

Затоа, во растојание од најмалку две недели, исчистете го лицете со парење и тоа на следниот начин:

Лицето најпрво исчистете го од нечистотиите и шминката на вообичаениот начин. Сварете ја водата во поголем сад и над неа ставете го лицето (секако, не преблиску за да не се изгорите). Преку глава ставете поголем пешкир и така стојте неколку минути. Ако сакате, водата можете да ја „зачинете“ со некој смирувачки чај, како камилица. Потоа измијте се со обична ладна вода и нанесете крема.

Внимавајте! Ако боледувате од розацеа, кожата ви е склона на црвенило или имате истакнати капилари, немојте да го применувате парење на лицето. Исто така, ако за време на парењето имате било какви непријатности, прекинете ја постапката.

 

Comments are closed.