Академија Пандев ја декласира Победа и е на чекор од финале во Купот

Екипата на Академија Пандев со високи 3:1 ја победи Победа од Прилеп во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија, кој се одигра на „Младост“ во Струмица.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Во првиот дел од натпреварот мрежите на двете страни мируваа, но во вторите 45 минути, паднаа четири гола. Резултат го отворија домаќините со гол во 53. минута од натпреварот. Само 60 секунди подоцна „Пандевци“ поведоа со 2:0.

Во 62. минута домаќините имаа предност од 3:0, додека гостите погодија во 81. минута за конечни 3:1.

Со овој резултат Академија Пандев е на чекор од историско Куп-финале.

Во првиот полуфинален натпревар од Купот, Беласица на домашен терен загуби со минимални 0-1 од Македонија Ѓорче Петров.

Comments are closed.