Викендот започнува пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига

Викендот на 9 и 10 март започнува пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига, каде што се натпреварува ЖФК Тиверија од Струмица.

АРХИВА

АРХИВА

Женскиот фудбалска клуб Тиверија ја игра веќе шестата сезона во Првата женска лига, каде игра одиграно вкупно 116 натпревари, првенствени и во купот, од кои на 76 победила екипата на ЖФК Тиверија, на шест одиграла нерешено, додека на 34 загубила, при што има позитивна гол разлика 471 / 180 погодоци.

Во сезони наназад, ЖФК Тиверија во сезона 2013/14 го освоила второто место, во сезона 2014/15 завршила на 4. место, во сезона 2015/16 завршиле како шестопласирани, следната сезона, односно во 2016/17 го освоиле третото место, во сезона 2017/18 завршиле на второто место на табелата.

Оваа полусезона ЖФК Тиверија заврши на третото место на табелата, што значи пролетниот дел од сезоната, кој започнува овој викенд, ќе го стартува од третата позиција.

Во рамките на купот, ЖФК Тиверија во сезона 2016/2017 беше финалист во Купот, во сезоната 2017/2018 го освои Купот, каде играше против големиот ривал ЖФК Драгон, а финалето се одигра на стадинот во Пехчево.

Comments are closed.