Академија Пандев утре против Победа во Купот на Македонија

Фудбалерите на Академија Пандев утре го играат првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија против прилепска Победа.

АРХИВА

АРХИВА

Минатата сезона Академија Пандев загуби токму од прилепска Победа на пенали, оваа сезона „Пандевци“ веруваат во историско финале за клубот и борба за освојување на пехарот.

Натпреварот се игра утре, среда, на стадионот „Младост“ во Струмица, со почеток од 14:00 часот, влезот е 100 денари.

Минатата среда Беласица загуби на „Младост“ со 0:1 од Македонија ЃП во рамките на Купот на Македонија, со што Македонија ЃП во реваншот ќе има предност.

Comments are closed.