РК Астраион со победа против Куманово

Ракометарите на Астраион имаа успешен старт и со победа го започнаа пролетниот дел од сезоната, односно плеј – аутот во Првата ракометна лига, откако со резултат од 30:24 го победија РК Куманово.

ФОТО: РК Астраион

ФОТО: РК Астраион

Струмичките ракометарите ја имаа контролата во текот на целиот натпревар, а резултат на полувреме беше 16:13 во нивна полза. Покрај Астраион, победи во првото коло запишаа и Партизан, Текстилец од Штип и Младост Богданци.

Во следното коло Астраион ќе игра против РК Аеродром, екипа која во првото коло загуби од Младост Богданци со резултат од 24:25.

Comments are closed.