ПМФЛ: Академија Пандев третопласирана, Беласица на дното од табелата

По 21. одиграно коло, Академија Пандев е третопласирана екипа, со вкупно 36 освоени бодови, додека Беласица со 18 бодови е десеттопласирана екипа.

АРХИВА

АРХИВА

„Пандевци“ по 21. коло запишаа 11 победи, три ремиа и седум порази, при што успеаа да соберат 36 бода, и имаат негатива два бода во однос на второпласираниот Вардар.

Во следното коло, Академија Пандев ќе има тежок натпревар против четвртопласираниот Работнички.

Беласица во досегашниот тек од сезоната направи скор од 4 победи, шест ремиа и 11 порази, со што имаа 18 бодови и се на последното десето место. Исто толку, 18 бодови, имаат и фудбалерите на Победа од Прилеп, кој се деветти на табелата.

Беласица во следното коло ќе има тежок натпревар на „Младост“ во Струмица против второпласираниот Вардар.

Comments are closed.