Академија Пандев со пораз од Шкупи

Екипата на Академија Пандев доживеа пораз во Струмица на „Младост“ од Шкупи, со резултат од 0:2 во натпревар од 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

„Пандевци“ по само едно коло на второто место на табелата, повторно се селат на третата позиција со 36 бодови, додека Вардар со победата против Македонија ЃП од 3:1, се враќа на второто место со 2 бода повеќе во однос на струмичани.

Шкупи со победата во Струмица е петтопласирана екипа на табелата со вкупно 30 освоени бодови.

Во следното коло Академија Пандев ќе има тешко гостување кај екипата на Работнички, која е четвртопласирана со 31 бод, додека Шкупи ќе биде домаќин на шампионот Шкендија.

Comments are closed.