Академија Пандев во недела против Шкупи

Фудбалерите на Академија Пандев во недела во Струмица во рамките на 21. коло од Првата македонска фудбалска лига, силите ќе ги одмерат со екипата на Шкупи.

АРХИВА

АРХИВА

„Пандевци“ во овој натпревар влегуваат како фаворити за победа, поради подобрата форма и тоа што играат на домашен терен и пред своја публика, но сепак останува да видиме дали ќе се оправда оваа фаворитска улога.

Шкупи е петтопласирана екипа на табелата со 27 бодови. Во досегашниот тек од сезоната има запишано 7 победи, шест ремиа и седум порази, од друга страна „Пандевци“ имаат 11 победи, три ремиа и шест порази.

 

 

Comments are closed.