ПМФЛ: Академија Пандев втора, Беласица деветта на табелата

Екипата на Академија Пандев со минималната победа од 0:1 во струмичкото дерби против Беласица, кое го добива по трет пат, се искачи на второто место на табелата со 36 бодови.

Вардар убедливо беше поразен со 4:0 на гостувањето кај Ренова, со што „Пандевци“ со минималната победа над градскиот ривал Беласица, се искачија на втората позиција на табелата.

АРХИВА

АРХИВА

Беласица иако загуби, сепак се искачи на деветтото место на табелата со 18 бодови, колку што има и Победа од Прилеп која сега е десетта на табелата.

Силекс против Работнички го отвори резултатот, но сепак не успеа да ја сочува предноста до крајот на натпреварот, па со резултат од 1:1, бодовите беа поделени помеѓу двете екипи, па така сега Работнички е четврти на табелата со 28 бодови, додека Силекс со 20 бодови е на осмото место.

Лидерот на табелата Шкендија одигра нерешено 1:1 со Македонија ЃП, која по оваа реми е седма со 22 бода. Шкупи дома имаше најубелива победа од 3:0 над прилепска Победа.

Лидер на табелата со 44 бодови е Шкендија, втора е Академија Пандев со 36, додека со бод помалку е Вардар кој е трети.

Comments are closed.