Енес Исмаилов и Ѓорѓи Личовски се наградените фотографи-автори за „Карневалски слики 2018“.

По повод наградниот конкурс за карневалска фотографија „Карневалски слики 2018“,  Жири-комисијата, во состав од:

  • Ристо Филчевски, афористичар и карикатурист,
  • Даниела Дончева, фотограф од НУ Завод и Музеј – Струмица и
  • Ѓорѓи Кончалиев, ликовен уметник

го направи изборот на наградените двајца рамноправни автори на 10. Конкурс за карневалска фотографија „Карневалски слики 2018“.

Наградата од НУ Завод и Музеј-Струмица за серија од три фотографии ја доби Ѓорѓи Личовски, професионален фоторепортер и новинар од Скопје и

Наградата од Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал ја доби Енес Исмаилов, новинар и фотограф за порталот „Струмица сити“ од Струмица.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на Изложбата на најдобрите карневалски фотографии од Конкурсот „Карневалски слики 2018“ на 07.03.2019 год. во ЦК „Антон Панов“ во Струмица.

Инаку на овогодишниот Конкурс на карневалска фотографија „Карневалски слики 2018“ учествуваа 14 автори со 127 авторски фотографии. Изборот од 50 најдобри фотографии ќе биде претставен на изложбата со која ќе започнат годинашниве Струмички карневалски празнувања
Енес исмаилов
.5 (4) - Енес Исмаилов
Macedonia Strumica carnival

Ѓорѓи Личовски

Comments are closed.