Беласица минимално загуби, Македонија ЃП на чекор од финале во Купот

Беласица на „Младост“ во Струмица беше минимално поразена со резултат од 0:1 од екипата на Македонија ЃП во првиот полуфинален натпревр.

ФОТО: ФК Беласица

ФОТО: ФК Беласица

Со оваа победа, Македонија ЃП е на чекор од своето трето финале од Купот на Македонија. „Лавовите“ по трофејот од 2006 година и последното финале во 2009 година се на чекор на уште едно, трето финале за нив, бидејќи во возвратниот натпревар влегуваат како големи фаворити.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Пауло Едуардо Карваљо во првиот дел од натпреварот.

Возвратниот натпревар ќе се игра во Ѓорче Петров на 9 април. Второто полуфинале меѓу екипи на Академија Пандев и Победа од Прилеп ќе се игра следната среда во Струмица.

Comments are closed.