Беласица против Македонија ЃП во битка за финале од Купот

Беласица денес на „Младост“ ќе ја пречека екипата на Македонија ЃП во првиот натпревар од полуфиналето од Купот на Македонија.

АРХИВА

АРХИВА

Двете екипи кои што се борат за опстанок во Првата македонска фудбалска лига, ќе се обидат да обезбедат финале од Купот на Македонија. Беласица која е на деветтата позиција на табелата во Првата лига, го промени тренерот, и на тренеската позиција кај струмичани е стариот тренер Раде Цицмиловиќ, кој треба на Беласица да и обезбеди опстанок во Првата лига, но и преку денешниот натпревар да се обиде да обезбеди и финале во Купот.

Првиот натпревар помеѓу овие две екипи во ПМФЛ заврши без голови, односно 0:0, додека во вториот на „Младост“ во Струмица, Македонија ЃП ја декласираше Беласица со високи 1:4.

 

Comments are closed.