Прилагодете ја исхраната според годините

Недостатокот на апетит и замор се чести симптоми за време на летото. Италијанските стручњаци направиле три различни диетални програми за исхрана според годините.

w

Ако изберете го изберете оној кој најмногу одговара на вашите години, без многу напор ќе изгубите два до три килограми за две недели и што е уште подобро и покорисно, ќе ги усвоите начелата кои ќе ви помогнат подолго да останете млади.

„Потребите на нашиот организам се менуваат со годините“, тврди италијанската нутриционистка, др. Диана Сартоса.

Постојат намирници кои секогаш мораат да бидат застапени во исхраната, како што се овошје и зеленчук, драгоцените извори на витамини и минерални соли, но постојат и намирници кои се потребни, првенствено на 20-годишните, потоа оние кои се неопходни на жените во четвртата деценија и оние кои се од клучно значење за лицата постари од 40 години.

 20 – 30

Со секоја менструација жените губат значителна количина на железо. Затоа јадете намирници богати со железо. Но, железото од зеленчукот тешко се апсорбира. За полесна апсорпција ќе ви помогне витаминот Ц. Затоа е пожелно овошјето и зеленчукот да го јадете сирово. Витаминoт Д е исто така неопходен. Се наоѓа во масна риба, рибино масло и жолчката.

30-40

Држете го под контрола нивото на холестерол во крвта. Како? Јадете намирници богати со омега 3 масти, кои штитат од тумор и го регулираат нивото на триглицериди во крвта. Така ќе го намалите ризикот од тромбоза, дијабетес, срцеви болести и проширени вени. Овие драгоцени материи се наоѓаат пред се во масната риба и морските плодови, кои треба да ги јадете најмалку два до три пати неделно. Рибата подготвувајте ја на скара или печете ја во рерна без додавање на маснотии.

40+

За да го сочувате здравјето во коските и да го намалите ризикот ос остеопороза, неопходен ви е калциум, присутен првенствено во млекото и млечните производи, но и во солта. Овие намирници се неопходни по 40-тите години, пред се поради тоа што содржат белковини слични на животинските, а не содржат масти. За кожата да ви остане мека и мазна, јадете намирници богати со витамин Е.

Comments are closed.