Струмичката полиција со две пријави во вчерашниот ден

На 25.02.2019 во 18:00 часот во Полициска станица Струмица, лицето Д.Л.(53) од село  Попчево пријавило дека на 24.02.2019 година околу 18:00 часот во село Попчево бил физички нападнат од Е.Б и Б.Т од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. – стои во соопштението доставено од СВР Струмица.
На 25.02.2019 во 18.15 во Полициска станица Струмица, 62-годишен жител на село Сушево пријавил дека неговиот син А.А. се заканувал дека ќе го убие него и неговата сопруга и дека ќе ја запали куќата. А.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. – стои во соопштението доставено од СВР Струмица.полиција

 

 

Comments are closed.