Утре на „Младост“ струмичко дерби

Во недела во 14:00 часот ќе се одиграат сите пет натпревари во рамките на 20. коло од Првата македонска фудбалска лига. Струмичкото дерби кое ќе се игра на „Младост“ помеѓу екипите на Беласица и Академија Пандев ќе биде највозбудлив натпревар од 20. коло.

Akademija Pandev - Belasica - strumicko derbi

Правдата на овој натпревар ќе ја дели Димитар Мечкаровски од Скопје. Академија Пандев е на третото место на табелата со 33 бода, и негатива од само два бода во однос на второпласираниот Вардар, додека Беласица е на последното 10-то место на табелата со 18 освоени бодови, исто колку што има и Победа од Прилеп, која е на деветтото место на табелата.

Comments are closed.