Традиционално како и секоја година и оваа, денес 20.02.2019 година се одржа граѓанска крводарителска акција во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски која се одржа во просториите на Служба за трансфузиона медицина Струмица. Даруваа 20 крводарители кои ја покажаа својата хуманост на дело.
Голема благодарност до сите хумани луѓе кои несебично ја подаваат својата рака да спасат туѓ човечки живот.