Како да ја отстраните бојата за коса која не ви се допаѓа?

Кога сакаат да го променат изгледот, жените најчесто ја менуваат бојата на косата или фризурата. Но, и покрај желбата за експериментирање, сепак се плашат од неуспех.

farbanje_kosa

Ако и вие спаѓате во овој тип на жени, тогаш сигурно ви е потребно ова брзо решение.

Доколку одлучивте да ја промените бојата на косата во домашни резултати, а крајниот резултат ве разочара, не паничете. За да ја поправите штетата, потребен ви е витамин Ц во таблети.

Зависно од должината на косата, ставете неколку во длабок сад и истолчете ги. Помешајте ги со шампонот кој го користите и мешавината нанесете ја на косата.

Замотајте ја косата во мек пешкир и оставете да отстои 1-2 часа. Потоа измијте се по стандардна постапка и вашата природна боја на косата ќе се врати.

По овој трик, единствено нешто што треба да направите е да ставите маска или регенератор на следните неколку миења.

Comments are closed.