ПМФЛ: Академија Пандев трета на табелата, Беласица на дното

Викендот се одигра 19. коло од Првата македонска фудбалска лига, каде се одиграа сите пет натпревари.

Работнички на домашен терен ремизираше со Ренова, играјќи 1:1. Со оваа реми „Романтичарите“ остануваат на четвртото место на табелата со 27 бодови, додека „Гипсарите“ се шести со 22 бода.

Akademija Pandev - Belasica - strumicko derbi

Силекс во Кратово не успеа да издржи до крај со предноста од 2:0 за нови три бода, Шкупи успеа да израмни на 2:2, па бодовите од овој дуел беа поделени. Силекс е осми на табелата со 19 бодови, додека Шкупи е шести со 24.

Беласица извади реми на гостувањето кај Победа, играјќи 1:1. Овој натпревар се играше во Кичево, а по ремито и двете екипи се на дното од табелата со по 18 бодови.

Академија Пандев одигра одличен натпревар, каде забележа сигурна и убедлива победа од 3:0 над Македонија ЃП, на стадионот „Младост“ во Струмица. „Пандевци“ со 33 бодови се трети на табелата, додека Македонија ЃП е седма со 21 бод.

Шампионот Шкендија со минимални 1:0 го совлада Вардар во дербито кое се одигра во Тетово. Шкендија е прва со 43 бодови, додека Вардар со 35 бода е на втората позиција на табелата.

Comments are closed.