Екипата на ЖФК Тиверија од Струмица се засили со 21-годишната Ане Бошеска.
Искусната Бошеска има 101 официјален натпревар во Првата женска фудбалска лига каде постигнала 8 погодоци. Во нејзината кариера играла за Победа, Топ Гол, Истатов и ЖФК Прилеп.