Академија Пандев со убедлива победа над Македонија ЃП

Фудбалерите на Академија Пандев забележаа убедлива победа од 3:0 над Македонија ЃП, во натпревар од 19. коло од Првата македонска фудбалска лига.

ФОТО: Академија Пандев

ФОТО: Академија Пандев

„Пандевци“ на стадионот „Младост“ доминираат над нивниот против, а тоа се потврди со сигурна победа, и нови три бода. Академија Пандев со оваа победа е трета на табелата со 33 бодови, но сега има само два бода негатива во однос на Вардар кој е втор, додека во однос на четвртопласираниот Работнички, бодовната разлика е зголемена на шест бода.

Македонија ЃП по поразот во Струмица е седма на табелата со 21 освоен бод.

Во следното коло Академија Пандев ќе го игра градското дерби против Беласица, додека Макеонија ЃП на домашен терен има тежок натпревар против првопласираната Шкендија.

Comments are closed.