Филип Трајановски е нов играч на Академија Пандев

Академија Пандев се засили со Филип Трајановски. 19-годишниот централен дефанзивец и член на младинската репрезентација на Македонија ја засилува одбраната за пролетниот дел од сезоната.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Трајановски ги помина припремите во Анталија со сениорски тим на Академија Пандев, но се чекаше на целосна документација и потврда за настап.

Тој денес ќе конкурира за настап против Македонија Ѓорче Петров.

Comments are closed.