Во недела започнува пролетниот дел од Првата лига

Во недела со 19. коло започнува пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Шкендија - во Турново - 25.04.2018 -3

Предвидени се да се одиграат сите пет натпревари со почеток од 14:00 часот. Првиот натпревар е помеѓу Силекс и Шкупи во Кратово, Академија Пандев на „Младост“ ќе ја пречека екипата на Македонија ЃП.

На националната арена во Скопје, Работнички силите ќе ги одмери со Ренова, Шкендија на градскиот стадион во Тетово, ќе го одигра дербито со Вардар, додека пак Победа ќе биде домаќин на Беласица од Струмица, во дерби натрпевар од дното на табелата.

 

Comments are closed.