Екипата на Академија Пандев пролетниот дел од сезонава ќе го започне на стадинот „Младост“ во Стумица, наместо на стадионот „Кукуш“ во Турново, каде играше како домаќин во есенскиот дел од сезоната.
Поради лошата состојба на теренот во Турново, „Пандевци“ се селат во Струмица на „Младост“, каде игра и Беласица. Екипата на Академија Пандев веќе во недела на „Младост“ ќе игра против Македонија ЃП, а цената на билетите ќе биде 100 денари.