Зимски трансфери на Академија Пандев

Екипата на Академија Пандев која пролетниот дел од сезоната ќе го започне од треттото место на табелата, со вкупно 30 освоени бодови, во зимскиот преоден рок направи неколку трансфери.

Академија Пандев - Шкендија - во Турново - 25.04.2018 -3

Академија Пандев во овој зимски преоден рок има направено вкупно четири трансфери, односно се засили со четири нови играчи, станува збор за Стојанчо Велинов (Трепча, Косово), Александар Мишов, Кристијан Стојковски (Шкупи), Филип Трајановски (ГАИС, Шведска).

Од клубот си заминаа вкупно двајца играчи, Стојан Стојчевски во Работнички и Стефан Ковачевиќ кој замина во Осогово.

Comments are closed.