Заврши поставувањето на меѓукатна конструкција на спратот на училишната зграда во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмиц

Во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица заврши поставувањето на меѓукатна конструкција на спратот на училишната зграда. Овој зафат се реализираше во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО), а за кој беше потпишан Меморандум за соработка меѓу училиштето, општина Струмица, Македонскиот центар за граѓанско образование и УСАИД. Поставувањето на меѓукатната конструкција чинеше 1.098.175 денари, а општина Струмица учествуваше со 150 илјади денари за набавка и монтажа на врати за училниците, крпење на внатрешните врати и транспорт и складирање на демонтираниот материјал. Училиштето со сопствени средства го изврши обновувањето на електричната инсталација, а советот на родители и вработените учествуваа во демонтажата на постоечкиот под.
Со поддршката на овој проект, општина Струмица потврди дека води континуирана грижа за подобрување на условите за изведување на воспитно – образовниот процес во училиштата.51732431_2011028115617275_2683202933239054336_o 51848091_2011028105617276_6789297844101578752_o 51895270_2011028278950592_8892267175440547840_n 51983519_2011028155617271_4077377247692980224_n 52029337_2011028178950602_6954933532749725696_n 52368368_2011028262283927_183020548031250432_o 52578944_2011028195617267_4578281343347064832_o 52631588_2011028082283945_1952767543244488704_o

Comments are closed.