Приведени две лица од Струмица

На 13.02.2019 година во 13.00 часот во Полициската станица Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супастанци и прекурсори“, од слобода бил лишен М.Н.(27) од село Добрејци, струмичко. При претрес во неговиот дом и простории, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле марихуана и 26 стебла од растението „Канабис “. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

полицијаНа 13.02.2019 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на С.Н.(28) од село Добрејци, струмичко. При претресот биле пронајдена и одземена марихуана. Лицето било лишено од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Comments are closed.