Академија Пандев како третопласирана екипа го започнува пролетниот дел

Екипата на Академија Пандев пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, ќе го започне од третото место на табелата со вкупно 30 освоени бодови.

Akademija Pandev - Renova 7 kolo PMFL

Пандевци имаат негатива од вкупно 10 бодови во однос на првопласираната Шкендија, додека во однос на второпласираниот Вардар имаат пет бода негатива. „Пандевци“ во однос на Работнички кој е четврти имаат четири бода предност.

На дното од табелата е Беласица со 17 бодови, исто колку што има и Победа која е деветта, додека Силекс со 18 бодови е на осмата позиција, и има три бода негатива во однос на Ренова која е седма на табелата.

Comments are closed.