Академија Пандев го декласираше Вардар на новиот стадион

Фудбалерите на Академија Пандев ја комплетираа последната контролка пред почетокот на пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига, со натпревар против Вардар од Скопје.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Натпреварот се играше на новиот стадион на Академија Пандев, во формат две полувремиња по 60 минути.

Стрелци на головите за Академија Пандев беa: Љупче Дориев два погодоци, Кристијан Иванов, Иван Николов, Филип Трајановски и Стојанчо Велинов.

Состав на Академија Пандев во првите 60 минути: Чубраковиќ, Димов, Костов, Илиев, Маневски, Стоилов (Велинов), Иванов Кристијан, Стојкоски, Стојков, Дориев, Крстовски.

Втори 60 минути: Денковски (Алчевски), Јованов, Атанаскоски, Иванов Кристијан (Николов), Трајановски, Томовски, Темелков, Велинов (Иванов Васко), Ивановски, Мишов, Пандев.

 

Comments are closed.