Општина Струмица обезбеди училишна униформа (маици и дуксерки) за 639 ученици во прво одделение

Општина Струмица обезбеди училишна униформа (маици и дуксерки) за 639 ученици во прво одделение во сите основни општински училишта. Градоначалникот Коста Јаневски денеска ги посети првачињата во основното училиште „Видое Подгорец“ за да види како им стојат училишните униформи.51291843_1999261526793934_4934633538650636288_o

-Тоа е едно од ветувањата и мислиме дека е добар гест. Сметавме дека со тоа ќе помогнеме на некој начин на родителите да ги ослободиме од еден дополнителен финансиски трошок и дека е корисно дечињата даимаат убави униформи бидејќи тоа ја поттикнува работната атмосфера, ја зголемува концентрацијата на децата кон работните задачи кои што им се зададени. Денеска ги видовме и мене ми се допаднаа како изгледаат, тие се задоволни, се надевам дека и родителите се задоволни и како и досега и понатаму сите наши ветувања кои што ги дадовме во корист на поквалитетен живот на нашите сограѓани, посебно на овие генерации првачиња кои што се иднина на нашата Општина, треба да ги исполниме и еве се движиме во тој правец. Тендерската постапка максимално транспарентно ја спроведовме, 639 дечиња добија нови униформи, модерни, убави, функционални, јас лично сум многу задоволен, останува тој проект да го продолжиме и во наредната година и размислуваме за некои други слични вакви проекти кои што мислам дека ќе помогнат и на родителите и на децата, рече градоначалникот Јаневски.

Фирмата „Филаделфија“ од Кочани беше избрана како најповолен понудувач во транспарентна тендерска постапка, а за униформите од општинскиот буџет се издвоени 519.981 денар.51158826_1999261200127300_8934554422709583872_o 51308471_1999261236793963_7157136156344188928_o 51314181_1999261243460629_2620197987799793664_o 51349564_1999261660127254_2290430549136769024_o 51410340_1999261373460616_7950946254102462464_o 51431041_1999261346793952_7635628601546637312_o 51530659_1999261363460617_7273701938124816384_o 51600699_1999261500127270_4559324972610224128_o 51623668_1999261700127250_7325757461443379200_o 51800988_1999261516793935_6983708190135287808_o

Comments are closed.