СТРУМИЧКА КУЈНА: Ароматично сирење со ореви

2017-12-31_20-58-02_s-863x647Еве нешто од празничните рецепти, најбараниот рецепт…
Оревите знаеме да ги ставиме во многу солени јадења, печени пиперки, пинџур, модри патлиџани…
А во Швајцарија, едно од најубавите сирења ми беше токму сирењето со ореви.
Овој рецепт е со бело сиренце и исто така е преубав.
Е сега се обидувам да се сетам, што сé сум ставила, зашто подготвував многу работи одеднаш, па и инспирацијата ми беше моментална. А бидејќи не можев да сликам детално што правам и што додавам, значи немам детални работни слики, сега ќе се присетувам…
Сакам да речам, и да не се сетам што сé има внатре, не треба да е проблем. Вие направете си го по ваш вкус, тоа е најдоброто и највредното, само треба да сте отворени и за нови комбинации, и за нови вкусови…

 

Состојки

  • 350 гр бело сирење
  • 1 -2 лажици павлака
  • 1 шака сецкани ореви
  • издробена сува пиперка
  • 2- 3 чешниња пресован лук
  • една шака пржен сусам
  • издробено чили пиперче или лут буковец
  • црн пипер

За посипување

  • 100 гр толчени ореви (имав и мелени)
  • ситно сецкан рузмарин

Постапка

  1. Најпрво испржете во едно тавче сусам со постојано мешање.
  2. Сирењето испасирајте го убаво. Користам мешано на Здравје или на Идеал шипка, кравјо, но секако одберете си по ваш вкус.
  3. Сега додадете ги сите состојки, но и други, по ваша желба.
  4. Убаво измешајте ја смесата и со раце направете долгнавеста форма.
  5. На фолија ставете ги оревите и рузмаринот, па увалкајте го сирењето, завиткајте го и ставете го на ладно да се стегне.

Ако сирењето не е солено, додадете и сол, по желба. Павлака додадете за да се направи покремасто.
И тоа е сé, преубаво мезе, посебно за љубителите на сирење.
Доста јако е на вкус, но е одлично мезе.
Декоративно многу, а и превкусно.
Пријатно!

 

Автор: Весна Рохр 
2017-12-31_20-56-59_s-1024x768

2017-12-31_20-58-24_s-1024x768

2017-12-31_22-26-32_s-1024x768

2017-12-31_22-29-44_s-1024x768

 

Comments are closed.