Академија Пандев со реми против вицешампионот на Туркменистан, Ахал

Фудбалерите на Академија Пандев ремизираа против вицешампионот на Туркменистан, екипата на Ахал, со резултат 2:2.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

„Пандевци“ на полувремето имаа негатива од два гола, но во вториот дел од натпреварот, со двата погодоци на Марио Крстовски, струмичани успеа да дојдат до нерешен резултат.

Ова беше претпоследен натпревар во Анталија за екипата на Академија Пандев, веќе во среда следува и последната контролка против Торпедо Кутаиси од Грузија.

Comments are closed.