Учениците подобро запаметуваат стоејќи отколку седејќи

Иако придобивката од стоењето во однос на седењето се веќе познати, најновата студија спроведена во Тексас покажа дека стоечката позиција им помага на младите при учењето и запаметувањето.ucenici

Стручњаците проучувале група до 34 млади на возраст од 14 и 15-годишна возраст и ги тестирале на почетокот и на крајот од истражувањето.

По 28 седмици упорно користење на високи столчиња, забележани се когнитивни подобрувања и поголеми позитивни напредување во запаметувањето. Нивното сеќавање било подобро, информациите ги користеле поефикасно, особено кога станувало збор за решавањето на математичките проблеми.

Тимот експерти смета дека овие резултати би можеле да бидат важни за училиштата и за стручните лица во областа на здравјето кои бараат едноставен и одржлив начин на подобрување на телесното и психичкото здравје на учениците.

Сепак, велат дека се потребни пошироки истражувања, на поголем примерок и низ подолг временски период, Меѓутоа, веќе и овие заклучоци многу веруваат, сметаат американските експерти.

Comments are closed.