Совршен амбиент: Нешто старо, нешто ново

Многу работи доаѓаат и проаѓаат. Така и со стиловите, како и вкусовите на луѓето постојано се менуваат. Така, ни вие сигурно не сакате исти работи сега или од пред десетина години.dizajn1

Често слушаме дека нешто е моментално во мода или дека тоа сега е најактуелно. И тоа може да ви се допдане или не. Меѓутоа, некои работи остануваат засекогаш и траат со години. Сега во забрзаното животно темпо и медернизираната индустрија се повеќе се во употреба материјали како што се стаклото, иноксот и разни минерални структури, од кои можете да правите различни облици. Меѓутоа, да се обидеме да ги вклопиме, класичните парчиња мебел кои ни останале во наследство или сме ги купиле, по некоја добра идеја со старите фотографии и модерниот амбиент во кој сега живееме. Ова е одлична комбинација доколку ја направите со мерка и внимателно.

Дрвени столчиња

dizajn 2

Некогаш биле незаобиколен детал во трепезариите на становите и куќите. Сега многу често ги отфрламе во подрумите, на терасите или во викендиците доколку ги имаме. Кој сеуште ги користи тие столчиња? Меѓутоа, тие и тоа како се актуелни во новата модерна индустија, со различни облици. Употребете ги токму вашите, а доколку се оштетени, можна е нивна поправка, така што ќе изгледаат многу добро. Вклопете ги во модерната дневна соба или трепезарија со елегантни парчиња мебел. Убавиот контраст ќе даде посебен шарм на вашиот амбиент.

Заборавен дизајн

dizajn 3

Денес при изработката на оградите и елементите од ковано железо се оди во преголемо детализирање и украсување. Сето тоа често изгледа премногу нападна и неадекватно, а некогаш тие стари, убави огради и нивните детали навистина ги украсувале и дворовите. Примерите на интересни и едноставни облици, како да исчезнале. Секако дека и сите дополнителни детали на оградите ја поскапуваат цената за изработка. Многу елегантно делуваат и на еднокракни и спирални скалила. Вклопете ги во модерниот амбиент и ќе имате перфектен детал во својот дом.

Конзолни полици

dizajn4

Го одликуваат стилскиот мебел и ги красат класично стилизираните ентериери. Меѓутоа на еден ѕид на ходникот или собата со модерен амбиент, ќе делуваат многу впечатливо. Целата композиција можете да ја украсите со декоративно огледало со профилирана рамка. Во темна боја на дрво, одлично ќе се вклопат со мебел во силни бои како црвена или жолта.

Ѕидови

dizajn5

 Модерниот мебел можете исто така да го сместите помеѓу благо декорирани околн ѕидови. Нагласената профилација на ѕидовите со умерен релјеф, исклучително ќе ги истакнат модерните парчиња мебел. Профилите можете да ги изведете од стиропор, гипс или полиуретан. Дури еден дел можете да обоите и во друга боја. Ова е многу интересна комбинација, која со модерниот дизајн ќе даде добар ефект.

Comments are closed.