Во ЗОО во САД по паѓањето на детенце во кафез застрелаа горила.

Вработените во зоолошката градина во Синсинати, во северната американска сојузна држава Охајо, морале да усмртат 17-годишна горила откако тригодишно момченце се нашло во нивниот ограден простор, а тоа е хоспитализирано со повреди кои не се опасни по животот, соопшти управата.gorila

Според директорот на зоолошката градина Тејн Мејнард, 17-годишнот мажјак по има Харамбе го земал моменцето и во рацете го носел околу десет минути и со својата тежина од над 180 кила претставувал реална закана за малечкото кое се проврело под оградата и паднало во јазот со вода пред кафезот.

Според очевидци, потоа горилата го влечела момченцето кое врескало низ оградениот простор во кој се наоѓаат уште единаесет примероци од овој вид примати.

Директорот појаснил за новинарите дека со користење на средства за заспивање не би се постигнал саканиот ефект веднаш, а вработените морале да го усмртат животното. „Тие направија тежок, но исправен избор. Имаме протокол, според кој мора да се дејствува во таквите ситуации, иако претходно не сме се соочиле со нешто такво“, рекол Мајнард.

„Харамбе беше убав примерок. Се надевавме дека ќе го искористиме за одгледување на потомство“, додал директорот на зоолошката градина во Синсинати која во недела продолжува со вообичаената работа.

Comments are closed.