Академија Пандев со победа против екипата на ЦСКА Москва У21

Екипата на Академија Пандев со победа против ЦСКА Москва У21 со резултат од 2:0 на првиот контролен меч во Анталија.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Со головите на Марио Крстовски и Сашко Пандев сениорите остварија прва победа на припремите во Турција. Тренерот Југослав Тренчовски настапи со комбинирани состави во двете полувремиња и шанса за настап добија сите фудбалери.

Прво полувреме: Чубраковиќ, Јованов, Димов, Костов, Маневски, Иванов, Дориев, Стојкоски, Стоилов, Миловановиќ (Велинов), Крстовски.

Второ полувреме: Алчевски (Денковски), Илиев, Атанаскоски, Димов (Коцев), Костов (Николов), Темелков, Томовски, Пандев, Стојков, Велинов (Иванов Васко), Дориев (Ивановски).

 

Comments are closed.